Достапни линкови

Судан: Кинескиот претседател Ху Џин Тао во посета на Судан


Кинескиот претседател Ху Џин Тао денеска во рамките на африканската турнеа патува за Судан. Тој се соочува со меѓународен притисок да го искористи кинеското влијание и да посредува во конфликтот во Дарфур во кој досега има 200 илјади мртви луѓе. Кина е најголем странски инвеститор во Судан и се смета дека е во позиција да го убеди Картум да прифати мировници на обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG