Достапни линкови

Тбилиси: Четворицата руски воени офицери денеска пред судот


Според извештите четворицата руски воени офицери затворени во Грузија поради сомнеж за шпионажа денеска ќе се појават пред судот во Тбилиси. Овој случај ги заостри односите со Русија, која побара од Советот за Безбедност да ја прекори Грузија за, според Москва, опасната и неприфатлива акција со апсењето на руските офицери. Рускиот амбасадор во Обединетите Нации Виталиј Чуркин поделил писмо до членките на Советот за Безбедност во кое се изразува руската загриженост.
XS
SM
MD
LG