Достапни линкови

Приштина: Во посета на Косово денеска ќе пристигне Марти Ахтисари


Специјалниот пратеник за косовскиот статус Марти Ахтисари попладне ќе допатува на Косово на разговори со косовските власти, меѓународните претставници и претставници на србите во Покраината, за преговарачкиот процес, децентрализацијата и правата на малцинствата. За разговорите за децентрализацијата на Косово, Ахтисари ќе биде информиран и од своите претставници кои на таа тема деновиве разговараа со косовските претставници. Ахтисари ќе престојува на Косово до петок.
XS
SM
MD
LG