Достапни линкови

logo-print

Виена: Директни преговори за статусот на Косово


Претседателите и Премиерите на Србија и Косово денеска за прв пат се состануваат во Виена на директни разговори за статусот на покраината што ги отвори австрискиот канцелар Волганг Шисел . Средбата на Борис Тадиќ и Воислав Коштуница со Фатмир Сејдиу и Агим Чеку и двете делегации се одвива по меѓународно посредништво на специјалниот преставник на Обединатите Нации Марти Ахтисари зад затворени врати. Неговиот заменик Албер Роан изјави дека на средбата не треба да се очекува договор, туку дека двете страни ке ги разјаснат своите ставови околу идниот статус на Косово. Српскиот премиер Коштуница го повтори предупредувањето дека независно Косово е закана за стабилноста на Балканот. Тој повика на компромисно решение. Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу пак, изјави дека неговата делагација има мандат од Собранието на Косово, во Виена да се залага за независност и што побрзо добивање на државноста. Косово, по воздушните напади на НАТО во 1999 година врз Србија, е под управа на Обединетите Нации.
XS
SM
MD
LG