Достапни линкови

Вашингтон: САД ќе ја зголемат помошта за Палестинците, но не за палестинската управа


Соединетите Држави имаат намера да ја зголемат финансиката помош за палестинците, но таа нема да биде наменета за палестинската управа раководена од радикалното движење Хамас. Ова го соопшти портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак, додавајќи дека официјален Вашингтон не сака да им дава пари на терористи. Тој прецизира дека Соединетите Држави ќе ја продолжат дистрибуцијата на хуманитарна помош за палестинците која годинава би требало да изнесува над седумдесет и пет милиони долари.
XS
SM
MD
LG