Достапни линкови

Тирана: Посета на македонскиот премиер Владо Бучковски


Македонскиот премиер Владо Бучковски денеска и утре престојува во посета на Албанија. Во Драч ќе се одржи трилатерален состанок меѓу премиерите на Албанија, Хрватска и Македонија, Сали Бериша, Иво Санадер и Владо Бучковски. Меѓу главните теми се интеграцијата во НАТО и Европската Унија, предлогот за создавање слободна економска зона и борбата против организираниот криминал. Премиерот Бучковски ќе има и билатерални средби со албанскиот државен врв, а во Тирана ќе се одржи и македонско – албански бизнис форум.
XS
SM
MD
LG