Достапни линкови

Дагестан: Карантин во 17 села по откривањето на птичји грип на три фарми


Во Дагестан, на југот на Русија, денеска е прогласен карантин во 17 села, откако на 3 живинарски фарми беше откриен вирусот на птичјиот грип Ха5 Ен1. Само во овој месец во Дагестан угинаа или се уништени околу 500 илјади пилиња. Властите во Индонезија денеска соопштија дека една жена во Џакарта починала од птичји грип, што е 19 смртен случај во таа земја. Вирусот на птичјиот грип се појави и на африканскиот континент, во Нигерија, а владата на Замбија издвоила само 4 илјади долари за превенција од оваа болест.
XS
SM
MD
LG