Достапни линкови

logo-print

Стразбур: Нема докази за постоење тајни затвори на ЦИА во Европа


Шефот на истражната комисија на Советот на Европа Дик Марти во презентацијата на извештајот во Стразбур изјави дека не нашол докази за постоење на тајни затвори на ЦИА во Европа. Швајцарскиот Сенатор Марти по три месечна истрага рече дека нема формални и несопорни докази кои би ги подржале обвиненијата. Сенаторот сепак наведе дека истрагата треба да продолжи. Советот на Европа ја започна оваа истрага во Ноември минатата година по обвиненијата дека американски агенти испитувале осмничени припадници на Ал Каеда во тајни затвори во Источна Европа. Според Хјуман Рајтс Воч станува збор за Полска и Романија. Двете земји ја негираа вмешаноста.
XS
SM
MD
LG