Достапни линкови

logo-print

Прага: Чешка за поделба на Косово на српски и албански дел


Предлогот на Чешкиот премиер Јиржи Пароубек Косово да се подели на српски и независен албански дел ќе преставува официјален став на Чешка, дознава Млада Фронта Днес од извори во чешкото министерство за надворешни работи. Овој предлог, според весникот ја шокираше Европската Унија која реши да не се изјаснува со оглед дека преговорите за статусот на Косово се водат под покровителство на Обединетите Нации. Европските дипломати биле вознемирени бидејки Чешката влада не ја почитувала заедничката позиција. Сите се плашат од поделба поради евентуалниот домино ефект, на пример во Босна и Херцеговина, изјавил чешки дипломат од мисија на Балканот.
XS
SM
MD
LG