Достапни линкови

Ерусалим: Договор меѓу Израелците и Палестинците за поголема слобода на движење во појасот Газа


Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска во Ерусалим соопшти дека е постигнат договор меѓу израелците и палестинците за поголема слобода на движењето од Појасот Газа. Рајс изјави дека на 25-ти овој месец повторно ќе биде отворен граничниот премин во Рафа меѓу Газа и Египет, додавајки дека палестинците ќе можат да се движат меѓу Газа и Западниот брег во конвои и оти ќе започне изградбата на ново пристаниште во Газа.
XS
SM
MD
LG