Достапни линкови

logo-print

Аман: Одговорните за нападите ќе бидат изведени пред лицето на правдата


Јорданскиот крал Абдула Втори изјави дека бомбашките напади во Аман нема да ја сменат решеноста на Јордан да ја продолжи борбата против тероризмот. Во говорот пренесуван на телевизијата кралот Абдула рече дека одговорните за нападите врз три хотели во Аман во кои загинаа пеесет и шест лица ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Одговорноста за нападите ја презеде крилото на Ал Каида предводено од јорданскиот милитант Абу Мусаб ал Заркави.
XS
SM
MD
LG