Достапни линкови

Багдад: Најмалку 28 лица загинати во експлозија


Најмалку 28 лица, меѓу кои и 7 полицајци, загинале ноќеска во експлозија до која дошло во текот на претресот во една зграда во западниот дел на Багдад, соопшти изутрината ирачката полиција. Полицијата упаднала во зградата поради сомнение дека странски терористи ја користат како база. Во експлозијата се уништени и неколку соседни згради. Вчера во таканречениот сунитски триаголник во Ирак загинаа најмалку 36 лица во серијата напади врз ирачките безбедносни сили.
XS
SM
MD
LG