Достапни линкови

Њујорк: Резолуција на Советот за безбедност на ОН за борбата против тероризмот


Советот за безбедност на Обединетите нации усвои синоќа нова Резолуција за унапредување на глобалната борба против тероризмот и ги повика сите нации да преземат акции за апсење или испорачување на сите кои го поддржуваат, финасираат или учествуваат во терористичките акти.Изгласувањето на Резолуцијата претставуваше кулминација на повеќенедлните преговори водени од Русија, која и го поднесе документот, по серијата напади извршени на нејзина територија. Резолуцијата беше усвоена и ден по крвавите терористички напади во египетските летувалишта на Синајскиот полуостров.
XS
SM
MD
LG