Достапни линкови

Анкара: Турција реши да не испраќа војници во Ирак


Турската Влада реши да не испраќа свои војници во состав на меѓународните мировни сили во Ирак, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи на Турција Хусеин Дириоз. Според Дириоз, ваквата одлука Владата во Анкара ја донела по синоќешниот телефонски разговор на шефот на турската дипломатија Абдула Ѓул со американскиот државен секретар Колин Пауел.
XS
SM
MD
LG