Достапни линкови

Берлин: Германија предложи проширување на НАТО мисијата во Авганистан


Германија предложи проширување на НАТО мисијата во Авганистан. Според предлогот, меѓународните безбедносни сили освен во Кабул како што е сега, би требало да бидат размесетени и во осум други градови. Германија очекува до крајот на годинава Советот за безбедност на Обединетите Нации да усвои резолуција со која би се одобрило таквото проширување на мисијата.
XS
SM
MD
LG