Достапни линкови

logo-print

Приштина: Група Албанци стрелале на војската на СЦГ


Група албанци синоќа стрелале врз патрола на војската на Србија и Црна Гора во копнената безбедносна зона меѓу Косово и Србија. Во инцидентот, како што денеска соопшти министерството за одбрана во Белград, немало повредени. Министерството оценува дека ова е втор ваков случај во кој албанските екстремисти под изговор дека крадат дрва всушност ја извидувале ситуацијата на теренот во обидите да ја дестабилизираат Јужна Србија.
XS
SM
MD
LG