Снимката од беспилотно летало објавена од украинската армија покажува како војници се пробиваат низ замрзнат пејзаж, пред да бидат нападнати. Репортерот на РСЕ Андриј Кузаков, ги посети украинските ровови на локацијата и - беше сведок на нападот.
Само во првата половина од 2022 регистрирани се вкупно 3.567 сообраќајни незгоди, од кои 46 се со смртни последици. Во најголемиот дел причината е пребрзо возење. Непочитување на сообраќајните правила има и кај возачите, но и кај пешаците.
Осумнаесет лица, вклучително и министерот за внатрешни работи на Украина и други високи функционери загинаа денеска кога хеликоптер се урна во предградие во близина на Киев.
Бројот на загинати од рускиот ракетен напад врз станбена зграда во централниот украински град Днипро се искачи на 30, соопшти националната служба за вонредни состојби.
Околу 500.000 деца ја напуштија Украина поради војната, но поголемиот дел од нив останаа дома. Траумите од војната кај нив се видливи. 75% од децата таму имаат психолошки проблеми.
Бугарските граѓани масовно одат да тргуваат во Турција, каде што цените на производите се двојно помали од оние во нивната земја. Турција е зафатена со голема инфлација.
Спортската сала наменета за студентите на УКИМ, чија изградба ја чинеше државата 2,5 милиони евра е претворена во руина и целосно демолирана. Од Агенцијата за млади и спорт велат се прават проценки на штетите и следната година очекуваат да биде пуштена во употреба.
Децата од окупираните области на Украина во ноември, според руските власти, биле однесени во камп во Чеченија на „воено-патриотска“ обука. Децата биле опишани како „социјално проблематични“ и назначени за „превоспитување“.
Приватните превозници денеска ја блокираа крстосницата кај Мавровка, во центарот на Скопје, настојувајќи да ги добијат парите што, според нив, им ги должи ЈСП и градот Скопје. Велат, блокадите ќе продолжат и во наредните денови.
Чуварот на најважните документи Државниот архив на секој пороен дожд се соочува со поплави. Штетите се видливи, а вработените велат дека немаат основни услови за работа. Институцијата неколку пати се жалела и побарала помош од Владата, но одговор не добила.
Тргни-застани, вакво е возењето во автомобил низ главниот град. Раскопани улици, прашина и колони возила е секојдневна слика. Скопјани велат им пречи но навикнати се веќе да живеат во гужвата и хаосот
Некогаш беше гордост за Скопје, ама сега поранешната зграда на „Технометал Вардар“ е голема опасност за тие што се движат во нејзината околина. Објектот доби сопственик на почетокот на годинава, што само ги влоши работите.
Вчитај повеќе