РСЕ ВРАБОТУВА - КОНКУРС
Уредник за вести
Резиме на работата:
Под супервизија на главниот уредник / шефот на редакцијата, тој/таа комуницира проактивно со новинарите и тимовите, вклучително и авторите и уредниците, за да се осигура дека вестите, информациите и артиклите се избалансирани, точни и се во согласност со политиката на РСЕ и највисоките стандарди на новинарството. Тој/таа тесно соработува со тим за исполнување на дневните рокови за објавување. Тој/таа е силно заинтересиран за најдобрите практики и најновите случувања во новинарството - и сака да продолжи со иновативни форми на раскажување приказни низ различни платформи. Посветеноста на нашата мисија, новинарската непристрасност и интегритет е задолжителна. Потребно е почитување на нашите професионални стандарди и најдобри практики.
Минимални квалификации:
Образование:
Дипломиран новинар или диплома од сродна област
Работно искуство:
• Минимум 7 години искуство во подготовка на вести и новинарство, како известувач и уредник, вклучително и на дигитални платформи,
• Искуство во ефективно надгледување на другите,
• Искуство на позиции со зголемена одговорност,
• Широко, темелно и детално познавање на политичките, економските и социјалните ситуации во оперативната област, како и меѓународните прашања,
• Се претпочита претходно работно искуство во мултикултурна или мултинационална средина.
Јазици:
• Македонски јазик
• Професионално познавање на англиски јазик
• Друг странски јазик е предност
Детали за конкурсот и аплицирање ТУКА
Уредници за дигитални медиуми (две позиции)
РЕЗИМЕ НА РАБОТATA
Уредникот за дигитални медиуми, е одговорен за координација, уредување и генерално управување со присуството на социјалните медиуми на РСЕ на македонски јазик и ангажманот со публиката низ овие платформи. Тој игра водечка улога во новите медиуми и дигиталните иницијативи и ја идентификува содржината за зголемена надворешна промоција.
Врши други поврзани должности како што му се доделени.
МИНИМАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Образование:
Новинарство, меѓународни односи или сродна област МА - Мастер диплома
Работно искуство:
Дигитални медиуми/новинарство/комуникациско искуство и експертиза во брза организација со кратки рокови. (Задолжително)
Претходно работно искуство во опкружување од јавен или непрофитен сектор. 2-5 години (пожелно)
Јазици:
Македонски јазик (Задолжително)
Професионално познавање на англиски јазик (Пожелно)
Друг јазик на регионот на емитување - Работно знаење Усно+писмено (Пожелно)
Детали за конкурсот и аплицирање ТУКА
Графички дизајнер за анимации (една позиција)
РЕЗИМЕ НА РАБОТATA
Графичкиот дизајнер тесно соработува со Извршниот уредник и Извршните продуценти за создавање графики и анимации за емитување дневни вести, видео пакети и други елементи за ТВ, веб и мобилни платформи. Тој/таа, исто така, е ментор и обучува помлад персонал за графички дизајнер.
Врши други поврзани должности како што му се доделени.
МИНИМАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Образование:
• Диплома или сертификат за ликовни уметности или дизајн, но не се потребни доколку кандидатот поседува еквивалент во искуство.
Работно искуство:
• Искуство како графички дизајнер, минимум 5 години
Јазици:
• Задолжително е познавање на Македонски јазик
• Пожелно познавање на англиски јазик
Детали за конкурсот и аплицирање ТУКА
Истражувачки новинари (три позиции)
РЕЗИМЕ НА РАБОТATA
Истражувачкиот новинар е составен дел од истражниот тим на Програмата на македонски јазик. Тој иницира, подготвува, произведува и испорачува сложени оригинални стории на повеќе платформи. Приказните опфатени од Програмата го надминуваат редовното известување за настаните и доаѓаат и во кратка и во долга форма, а се занимаваат со сè, од истражувачки до специјални извештаи или откривање на вонредни вести. Заедно со другите истражувачки новинари во тимот, тој работи на сложени истраги, останувајќи верен на мисијата на РСЕ, придржувајќи се и стремејќи се да ги надмине стандардите за квалитет на содржината на РСЕ. Истражувачкиот новинар тесно соработува со други тимови на Балканскиот сервис.
Тој работи заедно со централната редакција, мултимедијата, дигиталните тимови, другите јазични сервиси и различните оддели по потреба за да креира и испорача исклучителни истраги и специјални извештаи за публиката, користејќи ги социјалните медиуми за натамошно проширување на РСЕ дофатот.
Врши други поврзани должности како што му се доделени.
МИНИМАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Образование:
• Комбинација на образование и искуство во истражувачко новинарство
• Новинарство или универзитетска диплома од сродна област
Работно искуство:
• Најмалку 3 години искуство како истражувачки новинар во голема новинска организација и искуство со сопствени истраги.
• Историја на успешни проекти под притисок на рокот.
• Широко, темелно и детаљно познавање на политичките, економските и социјалните ситуации во Западен Балкан, како и меѓународните прашања
Јазици:
• Македонски јазик, задолжително.
• Англиски јазик, задолжително.
Детали за конкурсот и аплицирање ТУКА
Новинари за вести и артикли (пет позиции)
РЕЗИМЕ НА РАБОТATA
Новинарот за вести и артикли пишува и известува добро структурирани вести. Одличната способност за пишување, брзината, точноста, вниманието на деталите и искуството за проверка на факти како новинар се од суштинско значење. Новинарот за вести и артикли е способен да работи ефикасно под притисок и како член на тимот, доставувајќи широк спектар на новинарски материјали на повеќе платформи, како што е назначено од Шефот на редакцијата / Извршниот уредник и Шефот на сервисот. Разновидноста и способноста флексибилно да се одговори на предизвиците на светот кој брзо се менува, истовремено одржувајќи го интегритетот и признатиот квалитет на новинарството на РСЕ се клучни за успехот и на РСЕ и на нејзините вработени.
Врши други поврзани должности како што му се доделени.
МИНИМАЛНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Образование:
• Комбинација на образование и искуство
• Новинарство или сродна област МА - Мастер диплома
Работно искуство:
• Искуство како новинар, минимум 5 години
Јазици:
• Македонски јазик
• Професионално познавање на англиски јазик
• Друг странски јазик е предност
Детали за конкурсот и аплицирање ТУКА