Воздушните беспилотни летала се меѓу најсмртоносните оружја во борбата на Украина против руските сили, но и роботите исто така играат клучна улога на теренот, во близина на фронтовските линии во регионот Донецк.
Додека Русија ги интензивира своите напори за опколување на Покровск, украинските единици на работ на стратешкиот град се под постојан напад. РСЕ беше со украинските сили кои ги држат одбранбени линии и ги напаѓаат руските позиции.
Дописникот на РСЕ Серхиј Хорбатенко снимал мисија на цивилен тим за евакуација во украинскиот регион Донецк кога руски дрон го погодил нивното возило. Возачот, американски капелан, се здобил со рани од шрапнели во лицето.