Граѓаните на Скопје, Сараево, Белград и Приштина ги прашавме: Доколку би можеле, што прво би смениле во вашата држава? Очигледно, голем дел од одговорите се поклопуваат, бидејќи граѓаните на овие држави се соочуваат со слични проблеми.
Србија на 1 ноември ја одбележува годишнина од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица по уривањето на бетонската настрешница на железничката станица. Настанот, што ја потресе јавноста, предизвика најголеми антивладини протести во последните децении.