Жените во западниот авганистански град Херат велат дека талибанските претставници им кажуваат дека мора да носат бурка за да пристапат до главната болница. „Лекари без граници“ известуваат за пад од 28 проценти во приемите во болница како резултат на тоа.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш повика воздухопловната база Баграм во Авганистан да им се врати на САД, предупредувајќи дека ќе се случат „лоши работи“ ако не биде вратена. Раководството на Талибанците во Авганистан ја отфрли идејата.
„Одбиваме стотици илјади луѓе“ од центрите за дистрибуција на храна поради недостиг на средства, изјави за Радио Слободна Европа, директорот на Светската програма за храна во Авганистан, Џон Ајлиф.
Пред четири години, Талибанците ја презедоа контролата врз Авганистан. Тој момент драстично ги промени животите на милиони, особено на жени и девојчиња.