15 јули ќе биде неработен ден и нема да се одработува

Илустрација - Предвремени парламентарни избори 2020

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 15 јули, среда, е неработен ден за сите граѓани, поради одржување на предвремените парламентарни избори. неработниот ден нема да се одработува.

„Прогласувањето на 15 јули за неработен ден е согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница, одржана на 7 јули, заради непречено спроведување на предвремените парламентарни избори“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Гласање ќе се спроведува и на 13 и 14 јули, но тие два дена нема да бидат неработни. На 13 јули ќе гласаат позитивните на Ковид-19 и лицата во изолација, а на 14 болните и изнемоштените, затворениците и припадниците на армијата.