Ѕирнете го мултикултурно Скопје низ објективот на младите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Десет средношколци кои посетувале обуки за мултикултурализам и фотографија и камера како креативни алатки, добија задача да го прикажат миксот на култури во Скопје. На изложба насловена “Мултикултурализмот низ објективот на младите“, во МладиХаб, ги покажаа резултатите од проектот „Мултикултурализам и радикализација: Нови пристапи кон старите проблеми“ спроведуван од Нексус Граѓански концепт во партнерство со Хоризонт Цивитас и Аква од Струга, со поддршка на Цивика Мобилитас. Пред камерата на РСЕ раскажаа што им донело ова искуство.