Филипче: Се надевам дека свеста се буди, почитувајте ги мерките

Искрено се надевам дека свеста се буди кај сите граѓани, бидејќи без вас не можеме да победиме. Мерките мора да се почитуваат. Коронавирусот е вистинска опасност, секој од нас носи огромна одговорност во оваа битка, пора утрово министерот за здравство Венко Филипче.

„Мерките мора да се почитуваат, ги носиме за заштита на јавното здравје, за да спасиме животи. Седете дома, заштите се себеси, заштитете ги најблиските“, напиша Филипче на неговиот Фејсбук профил.