Финска воведува тестирање и задолжителен карантин за луѓето што влегуваат на нејзина територија од ризични земји, меѓу кои и Македонија, откако во авионот од Скопје до финскиот град Турку во саботата биле откриени 24 позитивни на коронавирус. Во авионот имало 157 патници, а на финскиот аеродром доброволно се тестирале за коронавирус. За ризични земји се сметаат тие со повеќе од 8 до 10 нови случаи на ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена. Македонија толку нови случаи има дневно. Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека коронавирусот станува извозен производ број еден.
Извезовме 24 корони во Финска
— 🦄 🗺️🌈Игорче Развигорче 🚴♂️🐕🥦 (@Igor_rujo) August 10, 2020
Да, ги извезовне у Финска, они нека му ја мислат сега. 💪
— Девојката со точакот (@Vampirka10) August 12, 2020
Владата потпиша нов трговски догвор со Финска
— Бенка (@PravoslavenJedi) August 10, 2020
А ракоплескаа ли овие кога слетал авионот во Турку?
— Шинџи (@Kobayashee) August 10, 2020
Шверцаме КОРОНА у Финска
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) August 10, 2020
Во Финска на царина: - Шо имате да пријавите? - Ништо, само корона!🙃
— Тајница 👄💋😘 (@secret_arica_33) August 10, 2020
Абе може и кривично да одговараме за ширење на пандемија... https://t.co/xVXsVTm9OY
— tantela (@starmarsovec) August 10, 2020
Фак. Не било фејк њуз. 😓Scared by Skopje flight, Finland to mandate COVID-19 tests for travellers | Article [AMP] | Reuters https://t.co/Uw7Ut9UEJt
— Карамба Барамба (@karambabaramba) August 10, 2020
Министерот за здравство Венко Филипче потоа појасни дека се работи за реекспорт, односно дека во авионот имало само двајца македонски државјани. Другите биле увезени од Косово, па извезени за Финска. Најчесто се работи за иселеници кои по престојот во родниот крај се враќаат назад во земјите во коишто живеат и работат. Дел од нив имаат државјанство од тие земји, а дел патуваат со бугарски пасоши.
Тоа што во авионот имало само двајца македонски државјани ништо не менува во новинските наслови што го обиколија светот. Авионот е од Скопје, а под прашалник се и аеродромските протоколи и ефикасноста на термалните камери на скопскиот аеродром.
Приметете само по насловите на странски медиуми како го претставуваат летот со заболени во Финска. Flight from Skopje / Skopje Flight to Finland etc. Ни споменуваат држава, ни ништо...
— Мечето Ушко (@mechesko) August 11, 2020
На пат за Финска pic.twitter.com/YOBo4O2bXW
— Bobstar (@bobstar_m) August 11, 2020
PR димензијата на ковид кризата е многу важна а занемарена. еден авион за финска прави непоправлива штета,исто како нашиот прв скок на зарази во мај.џабе објаснувања на трендови, цел балкан бил лош,србите биле бетер и сл.. во очите на европа македонија е главно корона мочуриште.
— Кеисуќе Мијаѓи (@M_R_Miyagi) August 11, 2020
По „извозот“ на заболени во Финска, македонската полиција спречи помал контингент заразени за Норвешка. Мајка и три деца, кои биле позитивни на коронавирус во земјава и имале решение за самоизолација, се обиделе да се качат на авионот за Норвешка, но биле спречени од полицијата.
Ако вака продолжиме ќе ни ги заклучат границите и клучот ќе го фрлат во пештера што ја чува двоглав змеј. Ќе може да одиме само до супермаркет. Само во нашата населба.
"Авион од Скопје со 24 позитивни лица на Ковид-19 слетал во фински Турку"Ако продужиме вака дебилно да се справуваме со кризата, и Пиратине у Сомалија ке не банираат од влез на обала.
— Бапчо (@TheFitzzz) August 11, 2020
"Уплашена од летот од Скопје, Финска ќе воведе ковид-19 тестови за патниците"Е тоа е тој наш Европски менталитет, уште не влезени успеваме да наметнуваме нови протоколи и регулативи на ЕУ Држави💪💪👏👏Да пратиме уште некој авион натака, ќе почнат и задолжителни IQ тестови.
— Бапчо (@TheFitzzz) August 11, 2020
За граѓаните на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез во Македонија е потребен задолжителен ПЦР тест за коронавирус не постар од 72 часа, но таков тест не е потребен ако тие само транзитираат низ земјава. Дел од граѓаните реагираат дека тест треба да се бара дури и за транзит.
Случајот со авионот кој слета во Финска покажа дека власта згреши со отворени граници без тест и карантин и го стави под ризик здравјето на граѓаните
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) August 11, 2020
Сепак, Комисијата за заразни болести одлучи да не го прифати тој предлог и за транзитирање низ земјава и понатаму нема да биде потребен тест.
Некои велат во Финска работите биле попозитивни отколку во Македонија. Само во овој случај позитивно не значи и добро.
“Како може да сте толку негативни” - кажа патникот и се качи во авионот за Финска.
— Про Контра (@pro_contras) August 11, 2020
„убаво е во Финска, ама луѓето треба да бидат попозитивни“, изјавија високи претставници на владата на република северна македонија испраќајќи го летот за Турку. pic.twitter.com/DHmuMXrtF8
— The educated брада (@ViksaaSkool) August 11, 2020
Финска " Македонија е најпозитивен пример во светот во борбата против Ковид 19"
— 🍀 Зоки Поки 🍀 (@TheZokiPoki) August 10, 2020
За песимистот чашата е половина празна, за оптимистот е половина полна.
Некои, пак, зајадливо коментираат дека сме почнале војна со биолошко оружје против Финска. Само што место Тројански коњ, во духот на времето, користиме тројански авион.
Македонија и објави војна на Финска? 🤔
— Мали Џокица (@BjAFPrmuLA011PL) August 11, 2020
Ја напднавме Финска! Koja држава е следна??! pic.twitter.com/tVXhahYI6z
— BATMAN (@Vasko44271763) August 10, 2020
Кој рече дека немаме биолошко оружје?Финска го осети!
— Felix Gallardo (@Lonesomecowbo19) August 10, 2020
тројанскиот коњ и македонците во Финска...тие се тие подмолни напади
— Хуголошотодете (@tapkarosh) August 11, 2020
"Во Финска слета авион од Скопје со 24 патници позитивни на ковид-19"Ја нападнавме Финска, сеа која земја друга е на ред ? Подобро да не сметаат за Ковид шупак глупаци во лет одошто како биолошки напад. Како ли само полетале ? 🤔
— Ѕидарот (@provokativen) August 11, 2020
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12217, бројката на оздравени пациенти е 8487, на починати е 530, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3200. Во Финска, пак, досега се регистрирани 7642 случаи. Од нив 333 луѓе починале, 7050 оздравеле, а активни заболени се 259. Десет отсто од нив пристигнаа со авионот од Скопје.