Трамп останува на барањето за ѕид кон Мексико

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Трамп најави обраќање до нацијата

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека вечер преку телевизијата ќе и се обрати на нацијата откако делумната блокада на федералната влада влезе на 17-ти ден. До тоа пак дојде поради несогласувањата околу финансирањето на ѕидот на границата со Мексико.

Ова покажува дека републиканскиот претседател нема намера да се откаже од неговото ветување за изградба на ѕид за кој верува дека ќе ја спречи илегалната имиграција и трговијата со дрога.

Трамп на декемвриската средба со демократите во Конгресот изјави:

„И, јас сум горд ... И, јас ќе ти кажам што: Горд сум што можам да ја затворам владата за граничната безбедност, бидејќи луѓето од оваа земја не сакаат криминалци и луѓе кои имаат многу проблеми и дрога што влегуваат во нашата земја“.

Демократите во Конгресот велат дека ѕидот ќе биде скап и неефикасен.

Според нив, ѕидот е во спротивност со американските вредности.

Сепак, притисокот за постигнување договор веројатно ќе се зголемува како што почнуваат да се чувствуваат ефектите од делумната блокада.

Трамп, како што претходно објави Белата куќа, планира в четврток да ја посети американско мексиканската граница.

Посетата најверојатно е со цел да ја истакне неговата загриженост за безбедноста на границата со Мексико.

Федералната влада делумно е затворена од 22 декември поради барањето на Трамп во буџетот да бидат вклучени над 5 милијарди долари за изградба на ѕидот.

Од тогаш околу 800.000 владини работници или се испратени дома или работат без плата.

Трамп во минатата недела реше дека ова може да трае и неколку месеци.

Демократите се вратија во Вашингтон и од Новата година ја имаат контролата врз Претставничкиот дом.

Во овој Дом е усвоена и легислатива за повторно отворање на владините агенции, но не е вклучено и финансирањето на ѕидот.

По неуспешните викенд разговори меѓу администрацијата и демократите не успеаја да стават крај на ќор-сокак Трамп рече дека бариерата може да биде направена од челик наместо од бетон како потенцијален компромис со демократите кои одбиваат да го финансираат, наведувајќи дека постојат други гранични безбедносни мерки кои биле се поефикасни и поекономични од ѕидот.

Трамп ја посети јужната граница во март лани.