„Тоа што доаѓате од мала земја, треба да ви биде мотивација“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Според младата виолинистка Ева Богоевска не е клише, туку чиста вистина она дека успехот доаѓа со комбинација од напорна работа и многу љубов. Нејзината дисциплина и посветеност ја однеле до престижни музички сцени, а од неодамна и до класата на славниот професор по виолина Сергеј Островски во Женева. Таа била најмладиот бруцош во земјава, а е и најдобра студентка за 2019/2020 година, со сите десетки и тоа од прва и во рок. Ева е прва виолина тути во Филхармонија, но и дел од оркестарот „Фејмс“ каде снима музика за светски филмски наслови и популарни серии.