Тензии на отворањето на клубот „Цар Борис“ во Охрид

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Со јајца, пцовки, навреди и туркање на демонстрантите со полицијата помина отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. За насобраните е спорно името на клубот и здружението на граѓани кое стои зад него. Борис Трети е бугарскиот цар, кој како сојузник на Нацистичка Германија и Фашистичка Италија во Втората светска војна ја окупира Македонија, но и делови од Србија и Грција.