Скопје блокирано на 3 клучни крстосници, на останатите метеж и револт од граѓаните

Ова е втора блокада на приватните превозници кои минатата недела, на првиот протест, најавија поголеми блокади поради неисплатен долг на ЈСП кон нив

Приватните превозници, кои беа дел од јавниот автобуски превоз во Скопје, од 6 часот изутрината блокираат три крстосници во главниот град - Илинденска (од Влада до Ми-Да), кај Црвен Крст и кај Судска палата

Во блокадите учествуваат, според организаторот, над 100 приватници со нивните автобуси

Протестот, како што информираа приватните превозници, е на неопределено време и ќе трае се до исполнување на нивните барања за исплата на долгот.

Блокирани се три крстосници, а полицијата го пренасочува сообраќајот по споредните булевари и сообраќајници

Крстосницата кај ТЦ Мавровска беше блокирана и минатата недела, а после тоа беше блокиран и потегот од Влада до Ми-Да, по булеварот Илинден

Блокада на крстосницата кај ТЦ Мавровка, во правец на Бит Пазар

Блокиран е и булеварот кој води од правец на Ист гејт Мол кон Судска Палата

Блокада на булеварот Кочо Рацин кај Црвен Крст

Блокада на булевар Илинден, во близина на Градски парк

Блокада на потегот кон Бит Пазар

Блокада кај ТЦ Мавровка

Блокада на булеварот од правец на Зелен Пазар кон Црвен Крст и Кисела Вода

Блокада кај Судска Палата

МВР апелира да се следат инструкциите на сообраќајната олиција која го контролира одвивањето на сообраќајот во реоните на блокадите

Сообраќајната полиција е на сите крстосници кои се блокирани

Поради блокадите, во Скопје е сообраќаен хаос, се доцни на работа, на училиште, на факултет...се жалат скопјани

Булеварите и улиците кон кои е пренасочен сообраќајот се преполни

Во врска со информацијата за раскинување на договорот помеѓу Град Скопје и „Слобода Превоз“, од здружението на приватни автобуски превозници информираат дека ќе ја оспорат таквата одлука и ќе поведат спор пред надлежниот суд

Превозниците бараат да им се исплати долгот од 1,3 милиони евра, што, како што велат, им го должи Јавното сообраќајно претпријатие, односно Град Скопје.