Се прави монтажна болница со 130 кревети во Скопје заради коронавирусот

Колаж фотографии од подготовките за изградба на монтажна болница во Скопје

Се подигнува монтажна болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус. Деновиве се спроведе вистинска акција со големи човечки напори и одлична меѓуинституционална соработка. Со помош на Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП Улици и патишта и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство во рекорден рок го подготвија теренот и овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за брзо справување со коронавирусот“, напиша Филипче на неговиот официјален Фејсбук профил..