Руска ракета погоди станбена зграда во Краматорск

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руска ракета уништи станбена зграда во источниот украински град Краматорск во средата вечерта, при што загинале неколку лица. Украинскиот сервис на Радио Слободна Европа објави кратко видео на кое се гледа како спасувачите работат под рефлектори додека снегот паѓа врз урнатините.