Романските болници под товарот на ковид-19

Медицински персонал е опкружен со пациенти со ковид-19 во одделот за интензивна нега на болницата Багдасар-Арсени во Букурешт на 19 октомври.

Пациенти со коронавирус во единицата за интензивна нега на болницата Багдасар-Арсени во Букурешт. Лекарот за интензивна нега Клаудиу Русу за Ројтерс изјави дека болниците во главниот град се преоптоварени. „Нема доволно простор за преземање на сите случаи“, рече тој.

Пациент со ковид-19 го запишува телефонскиот број на неговата ќерка за медицинскиот персонал во болницата Багдасар-Арсени.

Истиот ден кога овие фотографии беа направени во болницата Багдасар-Арсени, Романија потврди рекордно високо ниво од 18.863 нови инфекции со ковид-19 и 574 смртни случаи во еден ден.

Преполн ходник во болницата Багдасар-Арсени. Во моментов во Романија има околу 1.800 пациенти со ковид-19 кои се на интензивна нега. Земјата има еден од најмалку развиените здравствени системи на ЕУ.

Персонал на Пневмолошкиот институт „Мариус Наста“ во Букурешт мести маска за дишење на лицето на пациент со коронавирус, Романскиот претседател рече дека кризата во преплавените болници во Романија е „национална драма од ужасни размери“, обвинувајќи ги ниските стапки на вакцинација меѓу романското население и слабиот одговор од властите за зголемените стапки на инфекција со коронавирус.

Жена гледа низ прозорецот на салата за прием во делот за ковид-19 на Институтот за пневмологија Мариус Наста во Букурешт

Медицински персонал со заштитна опрема дистрибуира лекови во Институтот за пневмологија „Мариус Наста“.

Садови со кислород за пациент во делот за ковид-19 на Националниот институт за пневмологија Мариус Наста на 15 октомври.

Медицинскиот персонал слуша презентација на психијатар за тоа како да се справат со стресот на Институтот за пневмологија Мариус Наста. 

Пациент со коронавирус лежи на носилка во ходникот на Институтот за инфективни болести Матеј Балс во Букурешт на 11 октомври.

Полицаец зборува со продавачи на овошје на пазар во Букурешт на 16 октомври. Претседателот Клаус Јоханис сугерираше дека најверојатно ќе има нови рестриктивни мерки. „Без разлика дали зборуваме за зелениот сертификат или други мерки за намалување на мобилноста и човечката интеракција, не смееме да губиме повеќе време ... колку и да изгледа непопуларно“, рече тој на 19 октомври.