Ракетни напади врз главниот град на Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија извршила неколку напади врз јеменскиот главен град Сана, пренесе новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на сведоци. Според објавата на „Ал Арабија, пренесува Ројтерс, воен портпарол на Хутите во Јемен тврди дека на 29 март, саудиската војска соборила три ракети за време на обидот за напад врз главниот град Ријад и пристанишниот град Јазан, близу границата со Јемен.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, минатата недела повика на глобален прекин на огнот поради тековната пандемија на Ковид-19. Повикот на генералниот секретар беше поздравен од сите засеганти страни во конфликтот во Јемен.