Путин најави промена на рутите за извоз на житото од Украина, тврди дека се снабдува само ЕУ

Рускиот претседател Владимир Путин на Економски форум. Владивосток, 07.09.2022

Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше извозот на жито од Украина, договорен од Обединетите Нации, оценувајќи дека житото нема да стигне до сиромашните земји и оти моменталната криза со храна може да стане хуманитарна катастрофа.

Со ваквите коментари расте загриженоста за судбината на договорот на Обединетите Нации и Турција за транспорт на милиони тони жито од украинските блокирани пристаништа.

Видете и ова: Украина извезе милион тони земјоделски производи по морски пат

Зборувајќи на Источно европскиот форум во Владивосток, Путин денеска сугерираше дека Москва ќе размисли за измена на рутите за транспортот на житото од Украина.

Украинскиот министер за земјоделство Микола Солскиј, по говорот на Путин, изјави дека од нивна страна нема никаков проблем.

Путин обвини дека речиси целото жито завршува во земјите членки на Европската Унија, а не во сиромашните земји, без притоа да наведе докази за ваквото тврдење.