Продолжуваат жестоките протести низ Казахстан

Зградата во која се наоѓа канцеларијата на Нур Отан, владејачката политичка партија во Казахстан, во Алмати, изгоре на 5 јануари. Не се знае кој го предизвикал пожарот. Казахстанскиот сервис на РСЕ јавува дека зградата била оставена да тлее, а во близина немало полицајци или противпожарни возила кога е направена оваа фотографија.

Демонстранти се возат во камион во Алмати на 5 јануари. 

Казахстанските безбедносни сили пред зградата на владата во Алмати на 5 јануари.

Полициско возило со скршен прозорец во Алмати на 5 јануари.

Полицијата формира ѕид од штитови во Алмати на 5 јануари.

Воено возило во центарот на Алмати 

Еден човек се обраќа на протестот пред канцеларијата на градоначалникот во Актау на 5 јануари.

Табла со цени на бензинска пумпа во Нур-Султан. Прашањето за цените на течен  гас е критично прашање за многу Казахстанци, бидејќи повеќето автомобили на запад од централната азиска земја работат на ова гориво.

Полицаец во оштетено возило во Алмати.

Демонстранти во Алмати на 5 јануари.

Казахстански полицаец насочува оружје кон демонстрантите од барикадата во Алмати.

Протестен митинг во градот Орал во западен Казахстан на 5 јануари.

Крв на централниот плоштад на Републиката во Алмати на 5 јануари.

Демонстранти на централната авенија Раимбек во Алмати на 5 јануари.

Ред оклопни возила на Плоштадот на Републиката во Алмати на 5 јануари.

Силите за спроведување на законот ја чуваат владината зграда во раните утрински часови на 5 јануари. Во видео обраќањето до нацијата на 4 јануари, казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев рече дека владата нема да падне и повика на „взаемна доверба и дијалог наместо конфликт. "

Демонстрантите нападнаа полициско комбе во Алмати додека протестите станаа насилни во текот на ноќта на 4 и 5 јануари. Беа запалени полициски возила, а беа извршени повеќе апсења.

Казахстанската полиција во Алмати ноќта меѓу 4 и 5 јануари. На 5 јануари владата на Казахстан поднесе оставка. Актуелните членови на Владата ќе ги продолжат своите должности до формирање на нова администрација.