Проблематичната историја на бугарскиот советски споменик

Ова оштетување на основата на Споменикот на советската армија во Софија беше фотографирано на 23 февруари. Искршени се табли од натписот: „До ослободителите на советската армија - Од благодарниот народ на Бугарија“. Тоа е последното оштетување на најконтроверзниот споменик во Софија.

Споменикот на Црвената армија фотографиран во 1959 година.

Меморијалниот комплекс е поставен во 1954 година, една деценија по влегувањето на советската војска во Бугарија за време на Втората светска војна. Приврзаноста на Бугарија за време на тој конфликт се вртеше од неутралност, до сојуз со силите на Оската предводена од нацистите и учество во холокаустот, до конечно приклучување кон сојузниците до крајот на војната.

Софискиот споменик на Советската армија, фотографиран во 2011 г.

Централниот дел на Споменикот на советската армија е пиедестал висок 37 метри на кој е прикажан советски војник опколен од бугарски цивили. Неколку други композиции со воена тематика се поставени околу споменикот со големина на паркот.

Местото долго време беше собиралиште на активистите на крајната левица, а во последниве години, споменикот стана мета и на анти-Кремљ активизам.

Членови на Бугарската социјалистичка партија го чистеа споменикот откако беше нагрдена контроверзната порака за „благодарност“ - Софија, февруари 2011 година.

Во јуни 2011 година, релјефот на споменикот на кој се прикажани советски војници како напредуваат во битка, беше пресликан од непознат автор и беа портретирани јунаци од американски стрипови и бајки, како Роналд Мекдоналд и Дедо Мраз. Графитот под ликовите „вели“: „Moving With The Times“.

Истиот релјеф од претходната фотографија беше видно покриен со шарени качулки во август 2012 година во знак на поддршка за челнките на руската музичка и активистичка група Пуси Рајот. Групата се најде на насловните страници извесно време пред оваа „интервенција“ врз споменикот, откако изведе контроверзна протестна песна во московската црква Христос Спасителот.

Советските војници од познатиот споменик беа обложени со розова боја и беше напишан графит: „Бугарија се извинува“ на бугарски и на чешки јазик во август 2013 година. Овој потег очигледно се однесуваше на учеството на бугарскиот комунистички режим во уништувањето на Прашката пролет, уништување предводено од Кремљ 45 години претходно, во 1968 година.

Во март 2014 година активисти насликаа две фигури во боите на украинското и полското знаме. Текстот со спреј се повикува на руското преземање на Крим и масакрот во шумата Катин во кој Советите убија речиси 22.000 заробени Полјаци.

За споменикот во 2018 година беше одредено посебно обезбедување, но и покрај тоа, од 24 февруари 2022 година, кога Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина, споменикот беше нападнат повеќе пати. Оваа слика, на која се прикажани советски војници со рацете обоени со црвена боја, е направена на 27 февруари 2022 година.

Често напаѓаниот панел на споменикот во Софија беше обоен во боите на украинското знаме на 27 февруари 2022 година. Графитот на горниот дел од споменикот е: „Окупатори“.

Антивоени активисти го обезличуваат советскиот споменик на 27 февруари 2022 година.

Во Бугарија, мислењата за рускиот претседател Владимир Путин беа главно позитивни, до 58 отсто, меѓу 2020 и 2022 година, но паднаа на само 32 отсто во деновите по започнувањето на инвазијата врз Украина.

Графити кои го содржат го зборот „убијци“ на англиски и бугарски, го покриваат споменикот на 28 февруари 2022 година.

Дебатата дали да се урне споменикот трае со години.

Активисти го обвиткуваат советскиот скулпторски ансамбл со бугарско знаме на 4 мај 2022 година.

Јавното мислење во 2019 година, пред руската инвазија врз Украина, покажа дека повеќе од две третини од Бугарите сметале дека спомениците од комунистичката ера се важни за „националниот идентитет“ на Бугарија.

Неодамнешниот вандализам врз познатата колона од споменикот на Црвената армија во центарот на Софија е последниот во низата симболични напади против Кремљ изразени врз споменикот. Како беше „напаѓан“ Кремљ преку споменикот низ времето наназад...