Поскапувањето на струјата ќе се случува по логиката на варење жива жаба. Велат, ако фрлите жива жаба во врела вода, таа ќе скокне од тенџерето, но ако ја ставите во студена вода и постепено ја загревате, може да ја сварите.
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за поскапување на струјата од 12 проценти, но граѓаните тоа нема да го почувствуваат затоа што ДДВ-то за струја ќе се намали од 18 на 5 отсто, така што сметките ќе останат речиси непроменети.
Арно ама, тоа ќе важи само една година. Од догодина ДДВ-то ќе се зголеми на 10 отсто, а во 2023 ќе се врати на стапката од 18 отсто. До тогаш струјата може да поскапи уште неколку пати.
но не е тоа се%27....наредната предвидено е да се качи на 10, а во 2023-та да се врати на 18%. pic.twitter.com/TWeZlGsfC6
— 🐇 (@TiliaIv) June 30, 2021
Која детска фора ја направија со струјата.. Ја покачија за 12% ама го намалија данокот од 18% на 5% нареднава година за постепено да се качува, да не биде нагло и да се бунат луѓе. Догодина го качуваат данокот на 10% и за 2 години го враќаат пак на 18%. Сркајте урда северџанчиња
— John Q (@johnqqqqqqq) June 30, 2021
На Бислимовски да му се даде Нобелова награда за "непокачување" на цената на струјата. Ликот успеа покачување од 13% да го прикаже како победа.Ама нема народ да ги разшутира, тоа е.
— Бахчов (@Bavcov) June 30, 2021
Ова со струјата ќе ве стави во опозиција, ама кој сум јас да ве учам големи сте ...
— Тино 🏁 (@tinodtinkki) June 30, 2021
тоа што нема да го платиме деновиве со покачената струја ќе го платиме во наредните години затоа што ддв-то ќе се врати во нормала,тоа што повеќето од народов во македонија живее ден за ден и не мисли за в%27година е друга приказна.
— MkKokos (@MkKokos) June 30, 2021
Сепак, законот со кој ДДВ-то за струјата треба да се намали не е донесен. Сè уште е во собраниска процедура.
⚠️На здравје поскапување на струјата за 12,36%⚠️за намалување на ддв ќе почекаме... pic.twitter.com/LzialQVuXy
— MITE NAJDOFF (@Kalabalak_) June 30, 2021
Дел од граѓаните на социјалните мрежи реагираат на „пазарџиската“ логика на власта.
Форава им е као у теранова на блуза од 200 коа и лепат 400 прешкртано па намалување на 300
— Курвин Водењак (@Jovanowsky) June 30, 2021
Други, пак реагираат дека некој мора да ја храни таа „партиска војска“ напикана во енергетските компании.
Можеби Македонија е блокирана на патот кон ЕУ, ама цените веќе се европски.
Први јули ќе го дочекаме со поскапа струја и поскап бензин. Европо, доаѓаме!
— Неписмен 300 (@Nepismen300) June 30, 2021
Други, пак, велат дека мерката е добра, додека граѓаните да застанат на нозе по ковид-кризата.
Знам што поскапува и колку, не терам инат. Струјата ја купуваме и цената не зависи од нас! И колку чини на пазарот толку ќе ја плаќаме. Важно за сега Владата интервенира со ДДВ-то за да НЕ плаќаме поскапа струја барем додека не застанеме подобро на нозе после пандемијатаПросто е
— Cosmopolitan (@alikiaj) June 30, 2021
Некои потсетуваат дека кога партијата е во опозиција, „се грижи“ граѓаните да плаќаат пониски сметки, кога ќе дојде на власт смета дека тие се прениски.
Сѐ е исто само фамилијата различна. pic.twitter.com/kSlq9Bo3ig
— ☜☆☞ Чиз™ ☜☆☞ (@C4i7Z) June 30, 2021
Енергетските компании не се задоволни од одлуката на Регулаторната комисија. Тие бараат поскапувањето на струјата да биде поголемо.