Неколкумина загинати и десетици исчезнати во поплавите во Германија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 50 се водат за исчезнати во поплавите во западна Германија, соопшти денеска полицијата. Силните врнежи од дожд низ западна Германија предизвикаа штета на имотите, затворање на автопатите, масовни евакуации и неколку жртви во текот на ноќта.