Полјаците против излегувањето од ЕУ

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Во повеќе градови низ Полска се одржаа протести против владината политика контра ЕУ. Во Варшава се собраа над 100.000 луѓе во знак на подршка на останувањето во ЕУ. До протестите доаѓа откако Уставниот суд во земјата, минатата недела донесе одлука дека некои делови од ЕУ законодавството се неуставни во Полска. Тоа ја зголеми загриженоста дека Полска би можела да ја напушти Европската Унија.