Песимистот вели дека половина од директорите на јавните претпријатија се назначени без искуство, оптимистот вели дека половина се со искуство, а реалистот вели дека се назначени партиски.
Во анализата „Кој тоа таму управува?“ на Институтот за демократија – Социетас цивилис (ИДСЦС) се наведува дека работните позиции, особено оние на повисоките раководни функции, се делат преку ноќ, зад затворени врати.
ИДСЦС анализирал 116 именувања направени по парламентарните избори во 2020 година, а анализата покажува дека 55 отсто од кандидатите имаат минимум искуство во раководење што ќе овозможи независно и ефикасно да ја исполнат задачата. За да се заобиколат процедурите за именување, во половина од случаите биле назначувани в.д. директори.
Во анализата се наведува дека процесот на избор е онолку штур, колку што е потребно за основачот да го избере посакуваниот кандидат, без разлика дали тоа е најдобриот. Не е важно да се искусни, важно е да не пркосат.
Профилна слика во CV-то е пожелна. pic.twitter.com/WAVhB4GMxG
— mkCoder (@mkCoder) May 5, 2021
Дел од граѓаните на социјалните мрежи иронизираат дека лепењето плакати е најбитното искуство што се бара.
Држава водена од ухлебени партиски послушници.https://t.co/NMv3R8aSG1
— Darko Lazarevski (@DLazarevski) May 5, 2021
НАД ПОЛОВИНА ОД НАЗНАЧЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ ОД ВЛАДАТА СЕ СО МИНИМУМ ИСКУСТВО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕ НА ИДСЦСНе се партиски кадри ама ич несе, затоа ни цвета државичево😁
— nostalgicarot (@Ivan22004991) May 5, 2021
Едни велат дека се назначуваат „директори – девици“, додека да научат што им е работа ќе им заврши мандатот, други, пак, потсмешливо прашуваат како ќе стекнат искуство во директорување ако не ги назначат.
New day, new event at Teutovo... Резултатот на директорите со минимуН искуство... Битно е да се работа нешто... pic.twitter.com/Xypg8P94I3
— Д ФарМацИсТ (@Antrahinon) May 5, 2021
Дел од граѓаните иронизираат дека ако ги стават способните за директори, нема кој да остане да ја заврши работата во администрација.
Истото го зборуваме :) Тој на позиција стигнал благодарение на книшка. Тој ќе ги користи вредните работници и само ќе ги тапка по рамо,а ќе се опкружи со уште понеспособни(заменици и сл) од себе за да се осигура дека нема конкуренција.И израз постои,но не ми текнува.
— Амбасадорот (@naGalichnikvoLP) May 5, 2021
Некои потсетуваат дека Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски добија високи функции пред да наполнат 30 години, други пак реплицираат затоа сме на ова дереџе.