Отворени избирачките места за Локалните избори 2021

Гласачките места беа отворени во 7 часот, граѓаните можат да гласаат до 19 часот

Ковид протоколите се задолжителни на сите избирачки места

ДИК увеува дека има стручни лица за отстранување на евентуални проблеми со машините за фингерпринт

Гласачките места се отворени од 7 до 19 часот

Ова се први избори со користење на т.н. фингерпринт

Овие избори се први со проверка на биометриски податоци на гласачите, односно со проверка преку земање на т.н. фингерпринт или отпечаток од прст

Избирачко место во средното училиште Јосип Броз Тито во Скопје

За градоначалници на 80 општини плус Град Скопје се борат 299 кандидати, а поднесени се 572 советнички листи

Избирачко место во училиштето Димо Хаџи Димов во скопско Влае

Избирачот може само еднаш да гласа. Гласањето се врши тајно, зад параван, а заокружувањето треба да биде со сино пенкало. Се гласа по строги анти-ковид протоколи

За 1347 советници во локалните самоуправи се кандидирани 10.831 кандидати. Право на глас имаат над 1,8 милиони граѓани (1.824.864 лица)

Ова се први избори на кои гласачите се идентификуваат преку машини за читање отпечаток од прст. Се гласа на 3480 избирачки места. Набавени се 4000 илјади машини за отпечаток од прст

ДИК издала 1.247 акредитации за набљудување за домашни и странски набљудувачи и преведувачи