Одложено рочиштето за „Рекет“, во затворот „Скопје“ се тестираат за коронавирус

Архивска фотографија - Бојан Јовановски во судница за случајот „Рекет“, 11 февруари 2020 година

Денешното рочиште за случајот „Рекет“ се одложи, бидејќи обвинетиот Бојан Јовановски не беше спроведен од истражниот затвор „Скопје“, како и на барање на адвокатите, поради моменталната состојба со корона вирусот.

Јовановски не беше спроведен до Кривичниот суд, бидејќи пред два дена во затворот починал 47-годишен притвореник, кој бил заразен со коронавирусот.