На работ: Тензиите меѓу Русија и Украина низ фотографии

Украински војник на позиција на фронтот со сепаратистите поддржани од Русија во регионот на Доњецк на 22 јануари.

Руски војник истрелува граната за време на вежбите на полигонот Кузмински во јужниот Ростовски регион во Русија на 21 јануари. Русија собра повеќе од 125.000 војници во близина на границата со Украина.

Американски воздухопловец подготвува палета со муниција, оружје и други воени материјали за Украина во воздухопловната база Довер во Делавер на 21 јануари.

Амбасадата на САД во Киев на 22 јануари објави дека околу 90 тони воена помош пристигнала во Украина од Соединетите држави.

Инструктор обучува доброволци за територијална одбрана во парк во Киев на 22 јануари.

Руски војници за време на вежбите на полигонот Кузмински на 21 јануари.

Амбасадата на САД во Киев фотографирана на 24 јануари. И Британија и Соединетите држави најавија заминување на дел од персоналот на амбасадите и нивните семејства од Украина, откако разговорите меѓу Вашингтон и Москва во минатата недела не успеаја да ги деескалираат тензиите.

Локални жители и кадети во регионот контролиран од сепаратистичка група поддржана од Русија, која себеси се нарекува Доњецка Народна Република за време на церемонијата на 22 јануари по повод фаталното гранатирање на тролејбус седум години претходно во Доњецк.

Припадници на украинските сили за територијална одбрана тренираат во парк во Киев на 22 јануари.

Жители од регионот контролиран од сепаратистичка група поддржана од Русија, која себеси се нарекува Народна Република Доњецк, гледаат почесна гарда на 22 јануари за време на церемонијата по повод седмата годишнина од гранатирање на тролејбус во Доњецк.

Украински војник на линијата на фронтот во близина на селото Новомихаливка во регионот Доњецк на 21 јануари.

Украински војник гледа кон позициите на сепаратистите поддржани од Русија во регионот Доњецк на 21 јануари.