Муслиманите се подготвуваат за Курбан Бајрам

Мажи поправаат врата на влезот во дворот на џамијата на Башчаршија, историско-културниот центар на Сараево.

Човек го чисти килимот во џамијата на Башчаршија.

Жена купува баклава на Старата чаршија во Сараево, која датира од 15 век.

Старец влегува во џамија во Приштина, додека забележува знак за забрана на влез на оние кои не носат маски за лице.

Човек ја коси тревата во градината на Големата џамија во главниот град на Косово, Приштина.

Продавница во Приштина пред Курбан Бајрам 

Оваа слика прикажува поглед на Каба, најсветиот исламски храм, во центарот на Големата џамија во светиот град Мека, пред годишниот муслимански аџилак ј, со прстени поставени околу него за да се одделат аџиите како дел од мерките за физичка дистанца.

Авганистанец подготвува производи за Курбан Бајрам за клиентите на пазарот

Продавачи на слатки и суво овошје на пазарот на отворено во Кабул 

Купувачи и продавачи се договараат за продажба на животни во Кабулската Шаман-е-Хозори - традиционално спортско игралиште и игралиште за деца - што е претворено во пазар на добиток пред Курбан Бајрам

Пазарот на отворено во Кабул

Човек ги остри ножевите пред ритуалното жртвување на животните за време на Курбан Бајрам во Исламабад.

Мажи со крава-жртва додека се подготвуваат за Курбан Бајрам во Исламабад.

Продавачи организираа протест на пазарот во Лахоре, Пакистан, на 28 јули, барајќи од владата да им дозволи да ги отворат деловните активности затворени во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот.

Поглед на преполн пазар на добиток во Карачи, Пакистан, во рамките на подготовките за Курбан Бајрам.

Муслиманите ширум светот се подготвуваат за Курбан Бајрам, и покрај ограничувањата наметнати со напорите за борба против коронавирусот. Курбан Бајрам, или празникот на жртвата, се слави на аџилакот во Мека, кој годинава започнува на 30 јули.