25 мртви во напад на верски комплекс во Авганистан

Според авганистанското МВР, сите напаѓачи биле ликвидирани

Припадници на Исламска држава, денеска убиле 25 луѓе во верски комплекс на Сиките во Кабул, соопшти авганистанската полиција, пренесе АП.

„Вооружените напаѓачи држеа околу 150 припадници на заедницата сики како заложници откако го нападнаа нивниот храм во Кабул. Поголемиот број од заложниците беа жени и деца кои се собраа на молитва“, изјави пратеникот Нарендер Синг Калса.

Тој додаде дека во нападот убиени се 25 лица, осум се повредени, а 80 се спасени. Неколку часа подоцна портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи, Тарик Ариан, објави дека сите напаѓачи се убиени.