Маски и лажни вести

МАКЕДОНИЈА - Во ситуацијата со коронавирусот во државата, секој граѓанин кој ќе реши да излезе од државата, ќе мора да потпише изјава дека три месеци нема да се врати назад, одлучи денеска Владата, информираше техничкиот премиер Оливер Спасовски. Тој апелираше до граѓаните во овој момент да ги одложат патувањата и да не му пркосат на вирусот.

МАКЕДОНИЈА - Денеска до 12 часот во Македонија се регистрирани 35 лица заболени од коронавирус. Во таа бројка се и последните 4 случаи кои биле утврдени денеска претпладне, информираше на попладневната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА / МАКЕДОНИЈА - Поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, во име на Охридската група, испрати писмо со поддршка по повод ратификацијата на Протоколот за пристаување на Република Северна Македонија во НАТО, од страна на Шпанскиот сенат.

БЕЛГИЈА / РУСИЈА - Руски и проруски медиуми започнаа значајна кампања за дезинформација против Западот за да влијаат на ситуацијата со коронавирусот, да создадат паника и да сеат недоверба, се вели во извештај на Европската унија, објави новинската агенција Ројтерс, која тврди дека имала увид во докумнетот.

САД - Американскиот претседател Доналд Трамп го премина прагот на потребни делегати за да биде прогласен за победник во внатрепартиската претседателска трка на Републиканците, што беше само формалност во неговата кампања и со тоа и официјално е републикаснки кандидат за претседател на САД, пренесе АП.

АВСТРАЛИЈА - Австралиските власти денеска соопштија дека австралиските граѓани не треба да ја напуштаат земјата за да запре пандемијата од коронавирус, пренесе АП. Премиерот Скот Морисон на прес конференција соопшти дека мерката ќе важи речиси шест месеци.

ТУРЦИЈА / ГРЦИЈА - Ноќеска, група од околу 300 лица, се обидела кај Еврос, насилно, од турска да стигне на грчка територија и билa спречени од полицијата и силите на Фронтекс, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

РУСИЈА - Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша указот за референдум за уставните амандмани со кои се отвора можноста тој да остане на власт уште 16 години.

БЕЛГИЈА - Претседателката на Европска комисија Урсула фон дер Лајан изјави дека политичарите го потцениле степенот на опасност од епидемијата на новиот коронавирус, пренесе АФП, повикувајќи се на нејзиното денешно интервју во германскиот весник Билд.

СРБИЈА - Од денеска од 10 часот во сите градови во Србија ќе биде забранет излез за сите постари лица од 65 години, а во селските средини излезот ќе биде забранет за лицата постари од 70 години, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, синоќа на вонредна прес конференција.

САД - Поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден, извојува убедлива победа во номинацијата за претседателски кандидат на демократите во Флорида, Илиноис и Аризона, пред сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.