Краткиот, шарен живот на белградскиот мурал на Путин

Овој мурал се појави на аголот на улицата во центарот на Белград набргу откако Русија ја започна својата инвазија врз Украина на 24 февруари. Сликата го прикажува рускиот претседател Владимир Путин меѓу боите на руското и српското знаме, заедно со српскиот збор „брат“. Вака изгледаше муралот на 5 март.

Еден ден подоцна, на 6 март, муралот бил обезличен со црвен спреј.

Подоцна истиот ден, сликата беше дополнително вандализирана.

На 12 март беше обновен.

Потоа, на 29 април, портретот на Путин повторно беше обезличен. Беше обоена и првата буква од српскиот збор „брат“, оставајќи го зборот „Рат“, што значи „војна“ на српски.

На 7 мај зборот „брат“ беше делумно обновен, а на „крвавиот“ портрет на Путин додадени се очила за сонце.

На 2 јуни се појави провоениот симбол „Z“ и зборот повторно беше сменет во „војна“.

Портретот беше обновен, а потоа дополнително вандализиран на 20 јуни, а зборот „брат“ беше пресликан со живописни жолти букви.

На 14 август лицето на Путин беше покриено со црвена боја и порака „Не на војната!“ која се појави над зборовите на еден поинаков активист кој напиша „Слава на Русија!

До 2 септември, портретот на Путин беше преработен, очигледно од помалку вешт уметник од оригиналниот сликар.

На 5 октомври повторно се појави антивоена порака, заедно со вулгарни навреди.

На 6 декември, муралот беше речиси целосно обоен во бело-сино-бела комбинација што беше усвоена како симбол на противењето на руската инвазија.

Активисти во Србија целосно го покрија муралот на кој се слави рускиот претседател на почетокот на декември. Еве ги различните фази на сликање, вандализам и пребојување низ кои помина сликата од нејзиното појавување во март.