Основното јавно обвинителство Тетово завчера оформило предмет по допрен глас со цел да се проверат наводите за свадбата на која младоженецот и невестата наводно дошле позитивни на коронавирус и си ја истерале прославата со сите салтанати и со стотици гости, објави Слободен печат.
Обвинителство отвори предмет за инфузија младоженците...нека им е со среќа на младите
— Ina (@mnogufina) August 11, 2021
Овој случај предизвика жестоки реакции во јавноста на сметка на младенците, кои на веселбата наводно заразиле дел од гостите кои завршиле во болница, како и кон здравствените власти, бидејќи според објавите на социјалните мрежи, тие пред свадбата дома си направиле брзи тестови, на кои испаднале позитивни, но не им верувале на тестовите, ама за секој случај биле во болница за да примат инфузија и парацетамол „за освежување“, по што заминале на веселбата.
Ама примиле инфузија да се освежат ❤️
— Кучка (@Emilica32) August 10, 2021
Во Тетово на свадба наместо пирошка давале парацетамол
— Кичеецот (@unitedforever08) August 9, 2021
Сега кумата ќе фрла парацетамол.
— Крис (Chris) (@krstetaseski) August 9, 2021
Се присетив на "за кумот лустерот" и си кекнав. :)))) @Corner_43 @ISmilevski https://t.co/od9dY7h4it
— Ариел (@Nosoytuproblem) August 9, 2021
По свадбата со цела фамилија заминале на одмор во Албанија.
Луѓе ќе гинат за свадба да напраат, да го истераат адетот, роднини ќе заразат (и убијат), па само за некоја година да му се посерат на бракот.
— Malteški soko Štark (@Schiffer_PG14) August 12, 2021
Други прашуваат како може човек да оди во болница да побара инфузија за да „се освежи“. Не е тоа сок од цеден портокал.
Дојди вечер на филм и земи по една инфузија да се освежиме
— Ina (@mnogufina) August 9, 2021
„Зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадба.“...Is this a thing? Инфузија за освежување?
— Sandra Mardin (@lofidelica) August 10, 2021
И трпение и толеранција и емпатија. Се почна значително да ни се намалува. Се помалку ми има логика плаќањето придонеси за јавно здравствено осигурување дури живееме во заедница со луѓе кои биле позитивни на брз тест, биле да се освежат со инфузии у болница и праеле свадба.
— §pasIva (@SSpasIva) August 10, 2021
Да биде иронијата поголема, се чини дека ковид-свадбите стануваат тренд во Македонија. ТВ Алфа објави дека младоженци од Австрија кои свадбената веселба одлучиле да ја прават во родниот Охрид, завршија во болница поради коронавирус. Иако уште на пат кон Македонија, идниот зет не се чувствувал добро, тие сепак ја направиле свадбата, по што тој бил хоспитализиран. Во Охридската болница сега очекуваат да почнат да пристигнуваат и заболени сватови.
Што е таа опсесија со свадбите, не ми е јасно! 🙄 На крај завршиле во болница! ☹️Ковид свадба имало и во Охрид – зетот и невестата дошле од Австрија https://t.co/NDugoEBc60 via @faktormk
— Cosmopolitan (@alikiaj) August 11, 2021
Ајде уште една корона свадба ама во Охрид. Зетот и невестата дошле позитивни од Австрија. Море луѓе без мозок. И велите нема потреба од тест на граница, токмаци едни
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) August 11, 2021
Каква е таа болна желба да правиш свадба по цена на својот и животите на блиските? Тие што не прават свадба ги следи ли несреќа цел живот?? Стварно сме ненормални! pic.twitter.com/ZGJ6zMH2GJ
— Diavola (@diavolalala) August 11, 2021
Аман некој нека им каже на оние што ризикуваат да се заразат и изгубат живот заради свадба дека можат да имаат секс секој ден и да раѓаат деца и без жртви.
— Козма Богатин (@TheCriticson) August 11, 2021
Да беше Чернодрински жив, ќе имаше инспирација за драма.
Македонска Ковид Свадба
— i999y (@i999y) August 10, 2021
Други, пак, велат дека критикуваат само оние што никој нејќе да ги земе.
Нобелова награда за луѓето кои и пркосат на пандемијата со правење свадби 🤣 https://t.co/sYJUfVsCuv
— Marquesa (@Marques33616653) August 11, 2021
Во меѓувреме, пронајден е креативен начин за намалување на бројот на активни случаи во земјава. Четворица гостиварци кои биле во самоизолација поради позитивен ковид-тест без проблеми си заминале од државата.
Лани во август Финска воведе задолжителен карантин за сите што доаѓаат од Македонија, откако во летот Скопје – Турку биле откриени 24 позитивни патници.
Владата најави дека од 16 август ќе ги забрани свадбите, а за влез во кафеана и на секаков јавен настан ќе се бара потврда за вакцинација. Дел од граѓаните критикуваат дека има политичка калкулација со владините мерки и прашуваат зошто досега не се бараше ПЦР тест за влез во земјава, барем од држави во кои беше раширен делта-сојот на коронавирусот.
Технички државава до толку е економски зависна од гастербајтерите што свесно ги става под ризик жителите.За преку лето да дојдат и да трошат тука пари дозволува влез без негативен ковид тест, свадби, веселби, се по ред.
— Darko Arsovski (@dArsovec) August 11, 2021
Македонија е во ек на четвртиот бран на коронавирус. Скопје е најголемо, а Тетово најинтензивно жариште. Лекарите од тетовската болница постојано предупредуваат дека токму свадбите кои се прават во летниот период и големиот број иселеници кои се враќаат во татковината се главните причини за ширењето на заразата.