Конгресмен Грегори Микс: САД се надеваат на поинаква Русија по војната во Украина

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Грегори Микс, (кој е Демократ од Њујорк), вели дека се надева оти по војната во Украина ќе се појави една „поинаква Русија“, „не Русија предводена од брутален режим“. Во интервју со Реј Фурлонг, новинар на РСЕ во Прага на 25 мај, Микс рече дека САД не дејствуваат за „промена на режимот“ во Русија, туку дека промената ќе треба да биде поттикната од „народот на Русија“.