Кои се американските цели за руските ракети?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Руската телевизија објави нуклеарни цели во САД

Руската државна телевизија ги наведе воените објекти во САД кои се цели на Москва во случај на нуклеарен напад, соопштувајќи дека дека хиперсоничната ракета која ја развива Русија ќе може да ги погоди за помалку од пет минути.

Најновата реторика на Русија може да се почувствува малку поблиску до САД. Руската државна телевизија емитуваше листа на американски објекти за кои велат дека Москва би сакала да ги нападне во случај на нуклеарен напад.

Во листата се вклучени Пентагон; претседателскиот Кемп Дејвид и базата за поморски комуникации во државата Вашингтон.

Има и некои неактивни центри како Форт Ричи, воен центар за обука во Мериленд кој беше затворен во 1998 година, како и базата Мекклилан во Калифорнија, која беше затворена во 2001 година.

Дмитриј Киселев, домаќин на неделното шоу блиско до Кремљ, изјави дека московската хиперсонична ракета, која се уште е во развој, ќе може да ја погоди Америка за помалку од пет минути, ако биде лансирана од подморници.

Претседателот Владимир Путин изјави дека не сака нова трка во вооружување, но во последниве неколку дена ја интензивира својата воена реторика.

Во минатата недела, тој рече дека Москва е подготвена за криза од „кубански вид“ ако Соединетите држави го сакаат тоа.

Русија вели дека се плаши оти САД би можеле да распоредат нуклеарни проектили од среден дострел во Европа, откако договорот за контрола на оружјето од Студената војна беше напуштен од Вашингтон кој вели дека нема итни планови за распоредување и ги отфрли предупредувањата на Путин како пропаганда.

Некои експерти велат дека воинствениот пристап на Путин може да биде тактика за повторно ангажирање на државите во разговорите за стратегиската рамнотежа меѓу двете сили.